Министерот за економија Ваљон Сараќини во понеделник одржа работна средбата со претседателот на Организација на потрошувачите на Македонија (ОПМ) Марјана Лончар – Велкова, во врска со имплементација на Законот за заштита на потрошувачите и проблемите со кои се среќаваат потрошувачите. Најголем број на претставки, барања за совети и забелешки кои биле поднесени од потрошувачите се однесуваат на областите јавни услуги (електронски и телекомуникациските услуги, меѓу кои фиксна и мобилна телефонија, кабелска телевизија и интернет услуги), топлинска енергија, електрична енергија, комунални услуги (испорака на вода, подигање на смет и сл.).
Министерот за економија Ваљон Сараќини во понеделник одржа работна средбата со претседателот на Организација на потрошувачите на Македонија (ОПМ) Марјана Лончар – Велкова, во врска со имплементација на Законот за заштита на потрошувачите и проблемите со кои се среќаваат потрошувачите.
Најголем број на претставки, барања за совети и забелешки кои биле поднесени од потрошувачите се однесуваат на областите јавни услуги (електронски и телекомуникациските услуги, меѓу кои фиксна и мобилна телефонија, кабелска телевизија и интернет услуги), топлинска енергија, електрична енергија, комунални услуги (испорака на вода, подигање на смет и сл.).
Во делот на малопродажбата поплаките се однесуваат конкретно на гаранциите на производите и сервисирање, декларација, несоодветно означување на попустите – распродажбите и неквалитетен производ
Ова го покажале пдоатоците од Извештајот на Народниот правобранител на, како и статистиката на ОПМ и Државниот пазарен инспекторат
Според Извештајот на Народниот правобранител, потрошувачките права се на второ место како критична област за која граѓаните побарале заштита, а според податоците на ОПМ во 2013 година од страна на граѓаните стигнале дури 2.621 претставка од страна на потрошувачите, од кои најголем број се однесуваат во доменот на општоправните советувања во делот на јавните услуги.
Државниот инспекторат за пазарна инспекција во текот на минатата година извршил 2.734 редовни, 337 контролни и 105 вонредни инспекциски надзори по Законот за заштита на потрошувачи, при што за утврдени неправилности поднесени се 34 барања за поведување на прекршочна постапка до надлежни основни судови и 64 барања до прекршочната комисија. Донесени се 53 решенија во управна постапка.
На состанокот се дискутираше и за улогата на институциите вклучени во системот на заштита на потрошувачи кои што делуваат не само согласно Законот за заштита на потрошувачи, но и врз основа на другите закони, улогата на Советот на заштита на потрошувачите, улогата на НВО секторот и други субјекти вклучени во заштитата на потрошувачите, сѐ со цел да се согледа нивната меѓусебна комуникација и зајкнување на системот на заштита.
Министерот Сараќини со цел преземање зајакнати мерки и активности за зајакнување на соработката помеѓу субјектите кои со закон се надлежни за заштита на потрошувачите и надзорните органи кои вршат инспекциски надзор на пазарот, а со тоа и поголема заштита на потрошувачите согласно законот, иницираше засилени инспекциски контроли во наредниот период, особено во делот на јавните услуги и малопродажбата, односно на најкритичните сегементи во кои се загрозени правата на потрошувачите, како и формирање на нов Совет за заштита на потрошувачи, со нов проширен состав, во кој ќе бидат вклучени сите инволвирани страни.